Кличко: Во текот на ноќта во Киев се убиени 35 лица, меѓу нив и две деца

by Fokus

Во тешките борби во текот на ноќта во Киев загинаа 35 лица, меѓу кои и две деца, тврди градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко.

Не е разјаснето дали бројката се однесува исклучуво на цивилни лица.

Кличко додава дека нема поголемо руско воено присуство во Киев, но оти се активни групи руски саботери.

Според досега познатите информации, нема загинати во станбената зграда која беше погодена од проектил.

Дел од автопат во близина на центарот на Киев синоќа бил место на борби. На една снимка се гледа како гори пожар на пат што ги поврзува источниот и западниот дел на градот.

Според извештаите на медиумите, снимката е направена во близина на метро станицата Берестејска, на само 4 километри од зградата во која се наоѓа украинското Министерство за одбрана.

Поврзани новости