665
Првиот човек на Киев и некогашен светски шампион во бокс, Витали Кличко говореше за војната која рано утрово започна во Украина. Тој раскажа дека не се плаши за себе, а луѓето во главниот град на Украина биле шокирани по денешните случувања.
„Украинците не ја сакаат руската агресија, тие ќе се борат за нашата иднина и за нашите деца. Не се плашам за себе, јас сум борец. Загрижен за трите милиони граѓани на Киев“, рече Кличко.