502
Градоначалникот на Киев го покани папата Франциско во главниот град на Украина за да „го покаже своето сочувство“, но Ватикан денеска не соопшти дали понтифот ја прифатил поканата.
-Присуството на верскиот водач лично во Киев е клучно за спасување животи и трасирање на патот кон мирот во нашиот град, држава и пошироко, се вели во писмото од 8 март потпишано од Виталиј Кличко.
Писмото денеска е обелоденето во медиумите.
Кличко, исто така, вели дека ако патувањето до Киев не е возможно, „љубезно бараме заедничка видео конференција, да се снима или да се емитува во живо. Ќе се направат напори да се вклучи претседателот Зеленски во тој повик“.