Клековски: СДСМ погреши со црната кампања за бугарофилство

by Фокус

Иако дел од мотивацијата се загуби во првиот круг, со оглед дека беа избрани градоначалници во многу големи општини, сепак, излезноста во вториот круг е релативно добра, смета политичкиот аналитичар Сашо Клековски. Според него, СДСМ направил грешки во кампањата меѓу двата изборни круга.

-Очигледно, СДСМ не ја прими пораката. И покрај сигналите дека рејтингот на Зоран Заев оди надоле, премиерот Зоран Заев се стави централно во кампањата, па кандидатите и не добија некоја шанса. СДСМ изборите ги претвори во гласање за Владата, односно за премиерството на Заев – рече Клековски на Сител.

Тој додаде дека целосно неуспешна се покажала црната кампања за бугарофилство за Данела Арсовска, која, според него, е контрадикторна кон заложбите за добрососедство. Воедно, тој оцени дека станува збор за ниска кампања која е непродуктивна.

Поврзани новости