859
Во Министерството за внатрешни работи (МВР) бројот на заразени од корона вирусот се искачи на 68.
-Според последните ажурирани информации во МВР има 68 позитивни на Ковид-19, а 283 се во изолација, одговорија од МВР за „Фокус“.
Пред пет дена во МВР беа регистрирани 41 заболен од Ковид-19, што значи дека бројката значително се зголемува и во оваа институција.
Според последната статистика во моментот во целата држава има 2.612 активни случаи, а досега биле заболени вкупно 4.664 граѓани.