Откако синоќа НАТО објави дека негови веб страници биле мета на хакерски напади, денеска генералниот секретар на Алијансата, Јенс Столтенберг одговарајќи на новинарско прашање во Брисел рече дека се преземени мерки и голем дел од веб сајтовите сега работат нормално.
Се работи на целосно враќање во функција на уште неколку од сајтовите каде одредени делови не функционираат како што треба, рече Столтенберг.
Тој нагласи дека мета на нападите биле јавните веб страници, додека нема нарушување на безбедноста на класифицираните мрежи на Алијансата преку кои комуницираат НАТО партнерите.
Нашите класифицирани мрежи со кои комуницираат НАТО членките не се допрени од хакерските напади. Имаше обиди да се компромитираат јавните сајтови каде споделуваме информации, но безбедноста на класифицираните мрежи не беше доведена во прашање, рече Столтенберг.
За Фокус од Брисел
Катерина Смилева Божиновска