Класична закана од руската амбасада, возврати Османи

by Фокус

Објавата на руската амбасада за евидентирање случаи на русофобија е непристојна и е класична закана, изјави министерот за надворешни работи Бујар Османи на денешниот брифинг со новинарите.

-Објавата ја интерпретираме како закана што е надвор од нормалната дипломатска комуникација меѓу две држави – рече Османи.

На прашањето како ќе реагира државата на ваквата закана, тој кажа дека денеска на координативен состанок ќе се заземе став околу оваа објава.

Во однос на евентуалното протерување на рускиот амбасадор од земјава, рече дека „Северна Македонија ги координира своите чекори со ЕУ и НАТО“ и ќе се разгледува прашањето дали тоновите од руската амбасада се прекршување на Виенската конвенција.

-Ако имаме податоци за нарушување на Виенската конвенција ќе постапиме билатерално, но сите одлуки се во координација со ЕУ – додаде Османи.

Поврзани новости