Кланот на Беливук ги убивал жртвите во куќа во белградско предградие

by Фокус

Членовите на кланот Вељко Беливук, кој заедно со неговите соработници беше уапсен во голема акција на српската полиција, ги намамувале жртвите, ги киднапирале и ги носеле во куќа во белградското предградие Ритопек, која ја користеле за убиства. КРИК пренесува сознанија од истрагата според кои полицијата затекнала добро обезбеден објект, со најсовремен видео надзор и опкружен со висока ограда.

Групата на Беливук е осомничена за убиствата на криминалецот Милан Љепоја, навивачите Горан Величковиќ и Здравко Радојевиќ, но и за уште неколку се уште нерасчистени убиства. Директорот на полицијата Владимир Ребиќ вели дека на собирањето материјали и разгледување на настаните работеле неколку месеци.

-Целосно сум сигурен дека Беливук и неговата банда ќе бидат зад решетки и верувам дека тие ќе бидат таму во следните 30-40 години. Но, исто така е важно да се отсечат краците, да се прекине таа криминална организација… да не се дозволи да функционира додека се во затвор, да се прекинат, пред сè, тие финансиски текови, така што на тој начин да се уништи еднаш засекога  – истакна Ребиќ.

За отстранување на трагите од злосторствата, според КРИК, се користеле хемиски агенси.

Поврзани новости