Ковачевски го избра СИТЕЛ за прв настап како мандатар

by Fokus

Во тек е процесот на преговори и подготовка на програмата на новата Влада, програма која ќе биде фокусирана на економијата, на ефикасноста на институциите, порача вечерва претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски.

Тој своето прво интервју откако официјално стана мандатар за новата влада го даде во интервју за Телевизија Сител.

Откако Ковачевски вчера ја доби довербата на партискиот Централен одбор, утре ќе му биде врачен мандатот за составување на нова влада од страна на претседателот Стево Пендаровски.

Поврзани новости