„Со скандалите на Данела, може да се сними теленовела. Последниот доаѓа од јавното претпријатие „Паркови и зеленило“ со кое директорува нејзиниот кадар Сефи Шабани. Во ова јавно претпријатие спротивно на процедурата и нормите, се распишува оглас за деведесетина вработувања, без да има одобрување од страна на Советот на Градот Скопје, кој е основач на компанијата“, велат од ВМРО-ДПМНЕ и додаваат:
„Ова е класична злоупотреба и самоволие во режија на Данела Арсовска, која со овој чин ги задоволува апетитите и барањата на нејзината коалиција ДУИ-СДС-Левица. Ваквите бизнис и политички пазари ги туркаат јавните претпријатија во превработеност, задолженост и хаос.
Надлежните институции треба соодветно да реагираат и да преземат соодветни мерки, бидејќи овие огласи не се валидни“.