Кирјаков до Георгиевски: Дај ни го под ќирија станот во Благоевград за Македонски клуб

by fokus

Активистот за правата на Македонците во Бугарија, Атанас Кирјаков денеска преку Фејбук го праша поранешниот премиер Љубчо Георгиевски дали може да им го даде под ќирија, како што вели, неговиот стан во Благоевград за таму да го сместат Македонскиот клуб, додека не се отвори Клубот што го најави премиерот Димитар Ковачевски.

После отварањето на бугарски клуб со името на контраверзниот Ванче Михаилов во Битола , и после затварањето пред Велигден на Македонскиот клуб во Благоевград, премиерот Димитар Ковачевски даде машки збор на пратеничката од ВМРО ДПМНЕ Рахела Мизрахи дека ќе каже на премиерот на Бугарија, Петков – „во Благоевград ќе отвори врати Македонски културен информативен центар и тоа до крајот на годината. Ние , етничките Македонци и Македонки од Благоевград , таа изjава на премиерот Ковачевски можеме само да ја поздравиме со големи аплаузи , пошто со години чекаме да отвори врати наш Македонски клуб во нашиот роден град. Ќе чекаме и ќе видиме дали премиерот Ковачевски ќе си го одржи на зборот.
Но, додека чекаме, а сме и буквално избркани на улица, сакаме да се обратиме и со една молба до бившиот премиер Љубчо Георгиевски. Дали Господинот Љубчо Георгиевски е согласен да ни го даде под кирија неговиот стан во Благоевград (станот во Благоевград е на фотографијата ) во кои стан ние, Македонците од Благоевград , ќе држиме  состаноци , додека отвори врати Македонскиот клуб најавен од премиерот Димитар Ковачевски?

Клубот на Македонците во Благоевград беше затворен за Велигден, а македонските активисти сметаат дека тоа е поради фактот што голем број од оние кои биле дел од Клубот, биле на средбата со претседателот Стево Пендаровски во Скопје.

 

Поврзани новости