Селекторот на ракометната репрезентација на Македонија – Кирил Лазаров, го објави списокот на играчи, на кои ќе смета на Светското првенство, кое на почетокот на идната година ќе се одржи во Хрватска, Данска и Германија.
Македонија на Светското првенство, своите натпревари во Д-групата ќе ги игра во Вараждин, Хрватска.
Првиот натпревар Македонија ќе го одигра на 15 јануари од 20.30 часот против Унгарија, два дена подоцна Македонија ќе игра против Холандија, а на 19 јануари последен противник во групата на избраниците на Лазаров ќе им биде Гвинеја.
Списокот на Кирил Лазаров за СП во 2025:
На списокот ги нема Филип Талески и Мартин Томовски, кој е резерва, како ниту повредениот Никола Костески, кој исто така е во резервите.
Меѓу резервите се уште и Цветан Кузманоски, Емилијан Ѓорговски, Филип Николов, Самоил Ристевски, Марио Танкоски и Михаил Аларов.