615
На вечерашната седница на ЦО на СДСМ за нов заменик-министер за економија, премиерот Заев ќе го предложи Кирил Колемишевски, дознава Алсат ТВ. Тој на ова место доаѓа од челната позиција во Македонската банка за поддршка на развојот каде последните пет месеци беше в.д. директор. Актуелниот заменик во ресорот на Крешник Бектеши, Кире Наумов ја напушта функција и заминува на друга позиција.
Кирил Колемишевски на јавноста и е многу повеќе познат како член на бендот „Нокаут“. Тој инаку е адвокат кој се занимава со стопанско право.
Освен Колемишевски, се очекува вечерва ЦО на СДСМ да го поддржи предлогот, Нина Ангеловска да биде кандидат на СДСМ за министер за финансии на испразнетото место на Драган Тевдовски.