Кирил Џајковски и Горан Бреговиќ се главните музички гости на фестивал во Бугарија

by fokus

Музичките легенди Кирил Џајковски и Горан Бреговиќ ќе имаат свои настапи на популарниот Стерео Фестивал, кој ќе одржи во Бургас, Бугарија, од 30-ти јуни до 2-ри јули.

Тие се најавени како главни музички гости на настанот на кој ќе гостуваат и повеќе диџеји и музички групи од Бугарија. Бреговиќ настапува првата вечер, а пак Џајковски на финалната.

Со фестивалот се прославува доаѓањето на летото, и се одржува на пристаништето во Бургас. Цената на билетите изнесува околу 90 лева, односно околу 2.800 денари.

Инаку, Џајковски ја започнал својата кариера уште во 80-те години на минатиот век. Неговата музика е еден вид на мешавина на традиционална и електронска музика и е доста популарен во регионот, а ја потпишува и музиката во повеќе филмови.

Бреговиќ пак е активен на сцената уште од далечната 1969 година. Тој е еден од најистакнатите музичари во регионот, кој постојано е активен на сцената.

Вики Клинчарова

Поврзани новости