Кирби: САД не може да каже кој е виновен за уривањето на браната Каховка

by Fokus

Портпаролот на Белата куќа, Џон Кирби денес  изјави дека администрацијата на претесдателот Џозеф  Бајден „не може дефинитивно да каже што се случило во овој момент“ со браната Каховка во Украина.

„Она што апсолутно можеме да го кажеме е дека штетата за украинскиот народ и за регионот ќе биде значителна. Браната обезбедува вода како за наводнување на регионот и за наводнивање на Крим, така и за хидроелектраната но и за нуклерната централа Запорожје“, им рече Кирби на новинарите за време на брифингот.

На прашањето дали е поверојатно руските сили да се одговорни место украинските сили, Кирби рече дека американските официјалните лица не донеле таков заклучок.

„Знаеме само дека има многу жртви и исто така многу загинати. Иако ова се рани извештаи и неможеме да специфицираме. Руските сили лани незаконски ја презедоа браната и хидроцентралата и незаконски ја окупираат. Работиме со Украинците да се соберат повеќе информации. Но не можеме да кажеме конкретно што се случило, изјави Кирби.

Кирби рече дека САД со олеснување ја примиле веста од директорит на Меѓународната атомска агенција дека нема непосреден ризик по безбедоста на таа централа.

Поврзани новости