Кирби: Нема разговор за заложниците во моментов

by Fokus

Портпаролот на Советот за национална безбедност на Белата куќа, Џон Кирби, рече дека нема разговори за договор за заложници и прекин на огнот во Газа, обвинувајќи го лидерот на Хамас Јахја Синвар за водење на преговорите во ќор-сокак.

– Би сакал да можам да ви кажам дека новите преговори се на самиот агол. Тие не постојат, но тоа е затоа што Синвар не покажа апсолутно никаков интерес за продолжување на тие преговори. Работиме на тоа и нема да се откажеме – изјави Кирби.

 

Поврзани новости