Кирби: Елиминирањето на раководството на Хамас е корисна тактика

by Fokus

Израел има намера да го елиминира раководството на радикалното палестинско движење Хамас и САД сметаат дека тоа е корисна тактика, изјави Џон Кирби, координатор за стратешки комуникации во Советот за национална безбедност на Белата куќа.

Според него, ликвидацијата на раководството ќе ги намали можностите (на Хамас) да спроведува операции.

– И на тоа е фокусиран Израел… Мислиме дека тоа е корисна тактика – одговори Кирби на прашањето дали Вашингтон ја смета за реална „целта на Израел да го уништи Хамас“.

– Од сопственото искуство знаеме дека не сте секогаш способни да уништите некоја идеологија, но дефинитивно може да ѝ отежнете на групата да спроведува операции, да тренира, да најде ресурси, да планира и да изврши напади со елиминирање на нејзиното раководство. Се разбира, неопходно е да се елиминираат изворите на нивното финансирање. Воведовме санкции против самиот Хамас – одговори Кирби.

Поврзани новости