860
Пратеникот Александар Кирацовски вели дека тој не се препознава во соопштението на Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција, во кое се вели дека истрагата „Рекет“ се проширува за уште четири нови лица меѓу кои и еден функционер.
-Аферата „Рекет“ нема допирна точка со мене, кој е осомничениот функционер навистина не знам, изјави Кирацовски за „Фокус“.
Тој беше еден од функционерите кој беше повикан во Обвинителството за да даде исказ за истрагата за „Рекет“.