Кирацовски: Пратениците се доволно привилегирани, дојде време граѓаните да го добијат она што го заслужуваат

by fokus
Социјалдемократскиот сојуз на Македонија смета дека дополнителни привилегии за пратениците не се прифатливи. Генералниот секретар на партијата, Александар Кирацовски, денеска изјави дека во овој момент пратениците се доволно привилегирани.
-Социјалдемократскиот сојуз на Македонија смета дека привилегиите треба да се движат кон граѓаните, а помалку кон пратениците. Пратениците кои егзистираат во Собранието на Република Македонија согласно Деловникот којшто важи во овој момент се доволно и од повеќе привилегирани. Сега дојде време граѓаните да го добијат она што го заслужуваат, вработувања, нови инвестиции, нови работни места и подобро платени работни места – изјави Кирацовски откако во јавноста излезе информација дека пратеничките групи разговараат за законски решенија кои ќе им овозможат на пратениците полесно да се вработат во јавната администрација по завршување на пратеничкиот мандат.
Не смееме, додаде тој, да размислуваме во тој правец, оној којшто бил избран и именуван функционер, избран од граѓаните, утре да биде попривилегиран повеќе од граѓаните и да оди на работно место кое што впрочем можеби го заслужува некој од граѓаните.
Претходно од ВМРО-ДПМНЕ соопштија дека темата за дополнителни привилегии на пратениците била иницирана од СДСМ.
https://www.youtube.com/watch?time_continue=53&v=kW7y9SaHz_4

Поврзани новости