Во рамки на собраниската комисија ќе се утврди дали најавеното помирување ќе се однесува само за настаните на 27 април или пак пошироко, вели пратеникот на СДСМ Александар Кирасовски, кој воедно е генерален секретар на партијата.
-Ја поздравуваме историската одлука на Собранието, со која се испочитува волјата на граѓаните. Гласот на 80 пратеници е глас за ЕУ и НАТО. Создадени се услови за уште поголеми услови за спроведување на реформите. Ги повикувам сите пратеници, вклучително и оние кои не гласаа, да се вклучат во спроведување на нацрт-амандманите. Заедно, да ги поддржиме процесите за имплементација на договорот од Преспа – рече Кирацоски.
Тој очекува дека на крајот постапката за уставни измени ќе добие уште поголема поддршка.
-Ние сме оптимисти. Секојдневно ќе ги повикуваме сите пратеници кои работат во Собранието да се приклучат кон процесот. Јас сум повеќе од убеден, дека поддршката кон процесот, ќе расте. Ракавицата е фрлена, барањето на овие 8 пратеници е некое наше заедничко барање. Не се откажуваме од нациоанлното помирување. Ние одиме со идејата граѓаните да почуствуваат мир и спокој во сопствената кожа – рече Кирацоски.