Кирацовски: Очекував оставка од целото раководство од солидарност кон Заев

by Fokus

Очекував оставка од целото раководство од солидарност кон Заев, изјави за Утрински брифинг Александар Кирацовски, поранешен генерален секретар на СДСМ.

-Партијата треба да биде отворена за нови личности кои ќе умеаат и сакаат да придонесат , но тоа треба да се заснова на принципиелност. Лидер  од политички калибар не се создава преку ноќ.Таа личност треба да поседува, храброст, мудрост и визија. Ќе биде тешко да се најде негова замена. Во однос на оставките очекував целосна оставка од раководството пред се од солидарност кон Заев. Иако, лидерот условно кажано сам потенцираше дека се чувствува најодговорен за случувањата не е единствено одговорен, вели Кирацовски.

Поврзани новости