Кирацовски: Мицкоски и ДПМНЕ свесно го блокираат изборот на ДИК

by Fokus

ВМРО-ДПМНЕ свесно и намерно го блокира изборот на Државната изборна комисија, со што го доведува во прашање одржувањето на референдум за македонската иднина, истакна на денешната прес-конференција генералниот секретар на СДСМ, Александар Кирацовски.

„СДСМ и владејачкото мнозинство имаат обврска пред граѓаните да ја обезбедат иднината на Македонија. Нема да дозволиме никој да ја загрозува, да ја кочи македонската иднината, да го кочи членството на Македонија во ЕУ и НАТО. Имаме обврска да обезбедиме граѓаните да го кажат последниот збор. Во таа насока, пратениците на СДСМ и коалицијата ќе го поддржат законското решение Државната изборна комисија да се избира со апсолутно мнозинство. ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски треба да покажат дали им се важни потребите на граѓаните, дали им се важни државните интереси, дали се за членството во НАТО и ЕУ – тврди Кирацовски.

 

Поврзани новости