Кирацовски: Криминал од милион евра преку Иво Ивановски

by Фокус

СДСМ објави дека екс министерот, Иво Ивановски, близок соработник на Никола Груевски, противзаконски, уште пред да се изјасни Комисијата за јавни набавки при министерството, лично доделил бизнис тежок 15 милиони долари на фирмата Це Те Компјутерс, или Ком Трејд, во сопственост на Веселин Јевросимовиќ, сопственик на Алфа ТВ, близок до власта.

Денеска партијата презентираше нови документи со кои власта е фатена во уште еден сомнителен милионски тендер, на компанија блиска до фамилијата на власт.

-Екс министерот, дозволил да отидат скоро милион евра народни пари на сметка на фирмата Виста Груп, за проектот Интероперабилност, иако фирмата не го испочитувала Договорот склучен со Министерството. Станува збор за проектот што беше помпезно најавуван т.е. систем за меѓусебна размена на податоци помеѓу државните институции.

Dogovor_1_03

Постојат документи, изготвени директно од ова Министерството, во коишто се констатира дека:
– Виста Груп, зела скоро 1 милион евра, а не го исполнила договореното што е противзаконски;
– За овој проект не постои ниту записник за примопредавање, затоа што никој не сакал да преземе одговорност за овој криминал;
– Виста Груп не го испочитувала, ниту рокот за реализација на проектот, а и покрај тоа министерството не ја активирала банкарската гаранција, што е спротивно на договорот и на штета на граѓаните. За сето ова постојат документи. Скандалот е толку голем што за овој срамен криминал биле свесни сите во министерството и во останатите институции вклучени во проектот, па и Владата.

Но како добро организирано злосторничко здружување, наместо да ги отстранат неправилностите или да ги информираат органите на прогон, тие пробале тоа добро да го затскријат со доверливи и тајни документации, реорганизација на работењето и нови дополнителни инвестиции за спроведување на веќе исплатениот проект, посочи Кирацовски од СДСМ.

 

 

Поврзани новости