Кирацовски ќе оди на молитвениот појадок кај Трамп

by fokus

Генералниот секретар на СДСМ, Александар Кирацовски, како пратеник, престојува во неколкудневна работна посета на САД во рамки на која ќе присуствува и на молитвениот појадок во Вашингтон, заедно со претставници на повеќе од 100 земји од светот, дипломати, конгресмени, како и претседателот на САД.

Денеска Кирацовски се сретна со конгресменот Роберт Адерхолт од Републиканската партија.

На средбата биле разменети мислења за односите меѓу нашите две пријателски земји, за состојбите и можностите да се унапреди соработката и комуникација во интерес на сите граѓани.

Кирацовски ги потенцирал реформите коишто Македонија интензивно ги спроведува, по промената на власта во земјава, и придобивките за граѓаните.

Конгресменот Адерхолт ја посочил поддршката од САД за Република Македонија и додал дека силно го поддржува членството на Македонија во НАТО.

Поврзани новости