Кирацовски им прости на пратениците но им го одзеде имунитетот

by Фокус

На 27 април имаше обид да се загрози животот на пратениците и на уставниот поредок, изјави пратеникот на СДСМ, Александар Кирацовски, на собраниската Комисија за деловнички и мандатно-имунитетни прашања, која предмалку го одобри барањето на судот за притвор на шестмина пратеници за „крвавиот четврток“.

-Јас бев еден од пратениците што бевме во прес-салата и го носам сведоштвото за тоа што се случуваше на 27 април на лична кожа заедно со моите колеги, но вредеше секоја минута што ја поминавме во прес салата – рече Кирацовски.

Тој истакна дека им простува на тие што упаднаа во парламентот и ги нападнаа пратениците, бидејќи, како што рече, тие не биле свесни во каква игра биле ставени. Сепак, Кирацовски нагласи дека пратениците не треба да бидат на законот, а собранието не смее да ја попречува правдата.

-Враќањето на правната држава и правото е императив за кој се боревме и се изборивме. Институциите имаат кредибилитет и одговорност да го расчистат случајот за правдата да излезе на виделина и вакви работи повеќе никогаш да не се повторат – порача пратеникот на СДСМ.

М.В.

Поврзани новости