Кирацовски до Николовски: Гази напред, другар мој!

by fokus

Разрешениот генерален секретар на СДСМ, Александар Кирацовски, му ја честиташе функцијата на неговиот наследник Љупчо Николовски.

-Му честитам на мојот другар Љупчо Николовски, наследник на функцијата Генерален Секретар на СДСМ, за неговиот избор и му посакувам многу успех проследен со здравје и мудрост.

Љупчо е исклучителен човек, добар другар со вредности кои го издвојуваат.

Се нафаќа, буквално, на една од неколкуте најтешки позиции, во чие практикување нема да биде сам, ќе ја има целата моја поддршка, поддршката од претседателот Заев и останатите истакнати сопартијци.

Неговиот успех, ќе биде наш заеднички успех, а кон постигнување на истиот сите ние треба да бидеме негова поддршка, но и да имаме големо разбирање за неговата позиција, неговите постапки, неговите предизвици и бројните секојдневни обврски.

Гази напред, другар мој!, напиша Кирацовски на фејсбук.

Поврзани новости