Пратеникот од СДСМ, Александар Кирацовски, најави тужба за клевета против бизнисменот Зоран Азманов, кој во интервју го обвини дека во одреден медиум нарачувал текстови против него.
-Трендот на лажни вести мора да запре. На хаосот од инсинуации кои ја искривуваат вистината мора да се стави крај. За лагите и клеветите (на ниво на глупости), кои господинот Зоран Азманов ги искажа во интервјуто за извесен портал, ќе добие соодветна тужба, секако после шансата да се извини. Демократија Да, анархија од лаги и измислици Не!“, напиша Кирацовски на својот профил на Фејсбук.
Бизнисменот Азманов го обвини Кирацоски дека е фактор што одлучувал за објавување на негови лични фотографии на портали: Реагирал до порталот да избрише објавени прилози, кои според сопственикот на „Настел“ биле невистини, но уредникот му пренесол дека не може ништо да избрише додека не му каже Кирацовски, раскажува Азманов во интервјуто.