Кираца Трајковска сведочеше како таа открила дека ,,цитроенот” со кој е киднапирана Вања е на исчезнатиот Панче

by fokus

Поранешната директорка на Фершпед, Кираца Трајковска, сведочеше на денешното судско рочиште за убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски.

Таа во моментот на исчезнувањето на Вања се наоѓала во Србија, но како што раскажа, била дирекно вклучена во потрагата на девојчето преку нејзиниот син Гоце, кој бил во станот на семејството Ѓорчевски. Врската помеѓу двете семејства пак е старо кумство.

Трајковска појаснуваше дека нејзината интуиција ја навела да мисли дека ,,цитроенот” е сомнителен и го поврзала со исчезнатиот велешанец, но не можеше да се сфати како точно дошла до таков заклучок.

Рече, дека кога ,,цитроенот” им станал сомнителен, бидејќи поминал во близина на зградата, го поврзале возилото со Панче Жежовски, за кој слушнала дека е исчезнат, па помислиле тој ја грабнал Вања.

-Гоце ми прати скриншут од возилото. Од мои роднини од Велес барав информации и баравме снимки и еден роднина ни даде, а Гоце ги предаде во полиција, сведочеше Трајковска.

Но, на дополнителните прашања, дали од сликата која ја добила од синот се гледала регистерската табличка, за да види дека возилото е од Велес, рече не, па остана нејасно како го поврзала автомобилот со исчезнатиот Панче од Велес.

Нејзиниот син Гоце Трајковски, кој заедно со таткото на Вања водеше паралелна истрага, и обезбедуваше снимки, денеска не дојде да сведочи, бидејќи како што рече неговата мајка, добил паничен напад и имал висок крвен притисок.

Валентина Вурмо

Поврзани новости