Киплагат и Черотич победници на Скопскиот маратон

by Fokus

На осумнаесеттото издание на Виз Ер Скопски маратон, победник во машка конкуренција е Онесмус Киплимо Киплагат со време од 02:18:19. Второто место го освои Дарио Ивановски со време од 02:23:07, а пиедесталот го дополни Никола Илиевски со време од 02:43:28.

Во женска категорија прва до целта стигна Кетрин Черотич со време од 02:38:48, второпласирана заврши Билјана Кираџиева со време од 03:04:49 и третото место го освои Тамара Попов со време од 03:23:00.

Над 8500 тркачи од повеќе од 47 земји од светот ги исполнија скопските улици со спортска атмосфера, позитивен утрински дух и безброј насмевки, кои што беа вистинска инспирација за навивачките групи долж рутата на најмасовната спортска манифестација во Македонија. Ваква беше атмосферата на 18тото издание на Виз Ер Скопски маратон.

Фото: Независен

Поврзани новости