Кино салата во Валандово ќе добие нов изглед: Најавена голема реконструкција

by fokus

Општина Валандово и Министерството за култура го потпишаа договорот за реконструкција на Кино салата во Валандово како еден од најважните објекти за културниот живот на локалната заедница.

Како што информира валандовскиот градоначалник Перо Костадинов, реконструкцијата ќе опфаќа поставување на нова кровна конструкција, фасада, плафон, комплетна промена на столаријата, молеро фарбачки работи во внатрешноста, нов под во салата, под со гранитни плочки во холот, два современи проектори и опрема за проектирање.

-Во Кино салата, при Домот на култура 25-ти мај во Валандово, генерации валандовчани одбележале значајни општествени случувања и проследиле безброј културни настани.
Ја овозможуваме функционалноста на просторот и го враќаме сјајот на овој исклучително важен објект, за градот и општината.
Проектот ќе се реализира со средства од Министерството за култура и Општина Валандово- истакна Костадинов.

Вики Клинчарова

Поврзани новости