Кинеските туристи може повторно да патуваат, Пекинг ги укина ограничувањата

by Fokus

Кинеското министерство за култура и туризам соопшти дека се укинуваат ограничувањата за организирани туристички патувања, воведени за време на пандемијата со ковид 19, за уште 78 земји. Туристи од Кина, покрај Северна Македонија, ќе можат организирано да патуваат и во Германија, Велика Британија, Австрија, Бугарија, САД, Полска, Јапонија, Австралија, Јужна Кореја.

Кинеските туристи повторно ќе можат да ја посетат Северна Македонија, откако Пекинг ја вклучи земјава во групата држава во кои можат да патуваат организирани кинески туристички групи, пренесува МИА.

Кинеското министерство за култура и туризам соопшти дека се укинуваат ограничувањата за организирани туристички патувања, воведени за време на пандемијата со ковид 19, за уште 78 земји.

Туристи од Кина, покрај Северна Македонија, ќе можат организирано да патуваат и во Германија, Велика Британија, Австрија, Бугарија, САД, Полска, Јапонија, Австралија, Јужна Кореја…

Станува збор за трета група земји за кои се укинуваат ограничувањата за патување на организирани туристички групи од Кина.

Првата беше одобрена од властите во Пекинг во јануари и опфати 20 земји, вклучувајќи ги Русија, Тајланд, Куба и Аргентина. Два месеци подоцна, односно во март беше дозволено патувањето во втората група од 40 земји. Меѓу нив беа Франција, Португалија, Бразил и Непал.

Пред пандемијата со ковид 19, туристите од Кина трошеа пари најмногу во земјите што ги посетуваа во споредба со турстите од сите други земји.

Во 2019 година, кинеските туристи во странство потрошиле вкупно 255 милијарди долари, а 60 отсто од таа сума се однесува на организираните туристички групи.

Отсуството на кинески туристи за време на пандемијата имаше негативно финансиско влијание врз многу бизниси ширум светот кои се потпираат на туризмот, пренесува МИА, повикувајќи се на агенцијата БТА.

Поврзани новости