Кинескиот научник кој ги направи првите генетски модифицирани бебиња доби 3 години затвор

by Фокус

Кинескиот суд го осуди на тригодишна затворска казна научникот Хе Jиангкуи, кој ги направи првите „генетски модифицирани“ бебиња. Покрај затворската казна, тој беше осуден на казна од 430.000 долари, пренесува Ксинхуа.

Хе рече дека пред 13 месеци помогнал во создавање на првите генетски модифицирани бебиња, родени во ноември 2018 година, што предизвика голема дебата за етиката на генетската модификација, а на крајот тоа резултираше и со пресуда за нелегално практикување на медицината.

Двајца негови соработници, пак, добија помали казни. Жанг Ренли беше осуден на две години затвор, а Ким Жинџоу на една и пол година.

 

Поврзани новости