Кинескиња скршила нозе откако паднала со параглајдер во дворот на селската амбуланта во Крушево

by fokus

46-годишна државјанка на Кина попладнево паднала со параглајдер во Крушево и при тоа се здобила со тешки телесни повреди. Како што информираат од СВР Битола за „Фокус“, параглајдеристката била пренесена во прилепската болница каде и е констатирани повреди на нозете.

Случајот во 13.40 часот бил пријавен од жител на Крушево.

-ВО 13.40 во полициската станица во Крушево жител пријавил дека во дворот на селската амбуланта при слетување има паднато женско лице, параглајдерист. Повредената е пренесена во прилепската болница каде и е констатирана скршеница на зглобот, на потколеницата – велат од СВР Битола.

Поврзани новости