459
Кинескиот новинар Лу Југванг е единствен странски новинар за кој се знае дека има пристап до руските сили откако тие ја почнаа инвазијата на Украина. Тој известуваше од повеќе градови што Русите ги напаѓаат, вклучувајќи го Мариупол, каде што наводно загинале илјадници цивили.
Лу е искусен воен репортер на кинеската телевизија „Феникс“, но има и силни врски со Русија, каде што студирал новинарство и добил бројни награди.