Кина забележа пет нови случаи што е малку помалку од вчера, кога беа регистрирани осум случаи.
Но, здравствените стручњаци предупредуваат на опасност од втор бран зараза од Ковид-19.
Два од петте новозаразени се увезени инфекции, но три се со локална трансмисија во североисточниот град Јилин.
Бројот на потврдени случаи во Кина сега е 82.947, додека починати се 4.634 лица кои беа заразени од корона вирус.
Локален пренос на заразата во Јулин се случи во дел на градот кој кинеските функционери го означија како високоризично подрачје за Ковид-19, па беа воведени мерки кои подразбираат и само еден член на семејството да излезе од дома во текот на денот за потребното снабдување со намирници.
На граѓаните им е препорачано да не го напуштаат градот, а секој кој на тоа е присилен од некоја причина мора да покаже негативен тест на корона направен во последните 48 часа.
Јилин е втор најголем град во истоимената покраина, која граничи со Северна Кореја и со Русија. Покраината привремено во средата ги суспендира патничките возови.
Истовремено утврдени се 12 нови асимптоматски случаи на корона вирус, соопштија властите.
Се заканува втор бран на зараза
Здравствениот советник на кинеската влада Зонг Наншан за Си-ен-ен вели дека опасноста од втор бран зараза и понатаму е голема, јавува Независен.
„Повеќето Кинези во овој момент и понатаму се осетливи на можна зараза со Ковид-19 поради недостаток на имунитет. Соочени сме со голем предизвик, мислам дека во овој момент ситуацијата ене ништо подобра отколку во странските земји“, предупреди Зонг.
Тој вели и дека локалните власти во Вухан, град од кој почна пандемијата, заташкале клучни детали за обемот на почетната зараза.
Рече дека на 18 јануари го посетил Вухан и дека тогаш лекарите и поранешните студенти зборувале дека ситуацијата е многу полоша од што се прикажува.
Вирусот е подметнат?
Се посомневав дека властите во Вухан не ја зборуваат вистината затоа што официјалниот број на новозаболени во тој град изнесува 41 десет дена со ред.
„Не им верував на тие бројки и барав да ми ги дадат вистинските“, вели Наншан.
Иако, признава, дека Вухан на почетокот ги прикривал вистинските бројки, Наншан, ја отфрла можноста дека прикривањето продолжило и откако централните власти во Кина ја презеле работата во свои раце.
„Од 23 јануари сите податоци беа веродостојни“, вели тој.
Се осврна и на тврдењата дека вирусот е створен во лабораторија.
Вели дека за тоа повеќепати го прашувал Ши Зенгли, водечки вирусолог од Институтот за вирусологија во Вухан, која му рекла дека со опремата која ја имаат во моментот и со стручњаците не можеле да го створат вирусот.