Кинески хакери од 2020 година украле десетици милиони долари американска помош наменета за надминување на пандемијата на Ковид-19, соопшти американската Тајна служба.
Тајната служба го потврди извештајот објавен на „Ен-Би-Си” дека кинеска хакерска група позната во безбедносната заедница како „APT41″ или „Winnti” е одговорна за кражбата. „APT41″ е многу успешна кибер-криминална група која со помош на владата изврши низа упади, а мотивот бил воглавно финансиски по природа.
Неколку членови на групата беа обвинети во САД во 2019 и 2020 година за шпионажа на повеќе од сто 100 компании, вклучувајќи фирми за развој на софтвер, даватели на телекомуникациски услуги, компании за развој на видео-игри и компании за социјални медиуми.
„За жал, Кинеската комунистичка партија избра поинаков пат за да ја направи Кина безбедна од кибер-напади додека напаѓа компјутери надвор од Кина за да украде интелектуална сопственост во корист на Кина”, изјави тогаш поранешниот заменик-јавен обвинител, Џефри Розен.
Кинеската амбасада во САД соопшти дека Кина „одлучно се спротивставува и се бори против кибер-кражбите и хакирањето” и ги отфрла „неоснованите обвинувања” против нејзината земја.