Град во кинеската провинција Хубеи, каде се наоѓа епицентарот на епидемијата на коронавирус, ќе им плати на своите жители 10.000 јуани (1.425,96 американски долари) доколку, по своја иницијатива, тие пријават симптоми на болеста и, по тестирање, тоа е потврдено.
Едномилионскиот град Чианџианг, на околу 150 километри од градот Вухан, објави вкупно 197 случаи и ги засили своите напори да обезбеди изолација и третман на заразените. Ова е друга област која нуди парична награда за да ги охрабри луѓето доброволно да се тестираат за коронавирусот.
Провинцијата Хубеи објави повеќе од 65.000 случаи на заразени и повеќе од 2.600 смртни случаи. На глобално ниво, смртните случаи се околу 2.800, а заразените се 80.000.
Специјалната рабтна група во Чианџианг која се занимава со борба со епидемијата, објави дека жителите ќе добијат 10.000 јуани доколку се потврди инфекција со коронавирус. Ова не важи за оние веќе дијагностицирани. Луѓе кои доброволно се тестираат но не може веднаш да бидат оквалификувани како заболени, ќе добијат по 1.000 јуани а оние за кои има сомненија – 2.000. Во други области на Хубеи исто се даваат пари на оние кои доброволно се тестираат но сумите се по околу 550 јуани (1 долар – 7 јуани)