463
Србија и Пакистан се меѓу новите земји кои се согласија да ја тестираат вакцината во третата фаза, бидејќи на кинеските компании им требаат исто толку податоци од странство за конечно одобрување на потенцијални вакцини, пренесуваат српските медиуми.
Компаниите ќе добијат зелено светло за вакцината доколку докажат дека лековите се безбедни и доволно ефикасни користејќи ги податоците добиени со тестирање на голем број случаи во фаза 3.
Кина дозволи да се тестираат два типа на вакцини ЦНБГ и една „Синовакова“ на ограничени групи луѓе со ризик од инфекција, како што се медицински работници.
Токму двата типа на вакцини ЦНБ ќе бидат тестирани во Србија и Пакистан, пренесува Ројтерс.