Кина застанува зад Русија и најавува „враќање“ на Тајван

by Фокус

Пријателството на Кина и на Русија е „цврсто како карпа“, а перспективата за соработка е многу широка, изјави министерот за надворешни на Кина, Ванг Ји.

-Соработката на двете земји носи корист и благосостојба на двата народа – изјави Ји, во годишното обраќање пред кинескиот парламент.

На крајот, Ји истакна и дека „наскоро и Тајван ќе се врати во прегратките на татковината“, со што ги засили стравувањата за скорешна инвазија на кинеската војска на Тајван.

Истовремено, висок кинески дипломат посочи дека Пекинг е подготвен да „посредува“ меѓу Русија и Украина, за прв пат откако Москва започна инвазија против нејзиниот сосед.

Поврзани новости