Кина вакцинираше повеќе од милијарда луѓе

by Fokus

Кина целосно вакцинираше 1,07 милијарди луѓе против Ковид-19 заклучно со 29 октомври, соопштија денеска здравствените власти.

Тоа е всушност 75,8 отсто од 1,41 милијарда население во земјата.

Кина започна со вакцинирање на приоритетните групи на 15 декември 2020 година.

Досега, четири вакцини од кинеско производство се одобрени за пласирање на домашниот пазар, а уште три се одобрени за итна употреба.

Поврзани новости