Две недели подоцна, Кина повторно задоцнила да ја извести СЗО за деталите за случаите на коронавирус и состојбата на пациентите, што довело до недостаток на јасна проценка за тоа дали вирусот може да се пренесе од човек на човек и за ризикот по остатокот на светот.

Доцнењето довело до незадоволство на претставниците на СЗО, иако светската организација претходно официјално ја пофали Кина за транспарентност и брзо споделување на информации за вирусот со остатокот од светот.