705
Кинеското Министерство за надворешни работи и кинеската амбасада во Украина им порачаа на своите граѓани да ја напуштат Украина, наведувајќи ја како причина „тешката безбедносна ситуација“.
Кинеската амбасада најави дека ќе помогне во евакуацијата и трансферот на оние кои треба да заминат.
Амбасадата на Казахстан во Украина, исто така, ги повика своите граѓани да заминат и ги предупреди да не патуваат во Украина „поради засилените напади врз цивилната инфраструктура и владините објекти“.
„За оние кои се уште се во земјата, не ги игнорирајте сирените за воздушни напади, останете заштитени и во засолништа“, додаваат од амбасадата.