Кина објави дека два месеци нема случај на локална трансмисија

by Fokus

Од 16 декември во Кина не е забележани ниту еден случај на локална трансмисија на Ковид-19, објави Националната комисија за здравство.

Регистрирани се 14 инфицирани лица во изминатите 12 дена, но констатирано е дека сите се увезени од странство, од кои седум се во Шангај, а другите во југоисточната провинција Гуангдонг.

Првпат во речиси два месеца во Кина нема локална трансмисија на вирусот, што сугерира дека воведените мерки за запирање на ковид-19 во провинцијата Хебеи и во североисточните провинции Хеилонгчианг и Јилин даваат резултати.

Во меѓувреме, тимот експерти на СЗО е во Вухан каде го испитува потеклото на коронавирусот. Како што изјавија, досега наишле на добра соработка од кинеските здравствени власти, но изразија песимизам дека изворот на пандемијата ќе биде пронајден скоро.

Поврзани новости