341
Кина ќе издвои 8,74 милијарди долари за да го спречи ширењето на коронавирусот, соопшти кинеското Министерство за финансии. Најмалку 80 лица починаа од коронавирусот, а само во Кина се заразени 2.744 лица.
Вирусот продолжи да се шири во светот, каде што се регистрирани 50 заразени случаи, од кои петмина во САД. Засега нема смртни случаи надвор од Кина, а вирусот стигна и во Европа, во Франција, каде што се заразени три лица.
Околу 60 милиони луѓе се во делумен или целосен карантин, бидејќи кинеските власти во неколку градови забранија влез и излез од градот.
Кинеските власти одлучија да ги продолжат новогодишните празници до 2 февруари, за да се спречи дополнително ширење на вирусот, јави државната кинеска телевизија.