Една година откако успеа да го сузбие коронавирусот и да го намали бројот на дневни случаи на двоцифрен, Кина повторно се соочува со тешка ситуација – илјадници луѓе се во карантин, милиони се тестирани за само неколку дена и голем број нови случаи сугерираат повторно враќање на пандемија
Вакцината на кинеската компанија „Синофарм“ против коронавирус, произведена од Институтот за биолошки производи во Пекинг, е одобрена за употреба за деца на возраст од три до 17 години во Кина, соопштија официјалните лица.
Оваа информација на прес-конференција ја објави Шао Јиминг, истражувач во Кинескиот центар за контрола и превенција на болести.
Кина досега користела аплицира 845,3 милиони вакцини, а само вчера се дадени 20,4 милиони дози, покажуваат податоците на Националната здравствена комисија.
Една година откако успеа да го сузбие коронавирусот и да го намали бројот на дневни случаи на двоцифрен, Кина повторно се соочува со тешка ситуација – илјадници луѓе се во карантин, милиони се тестирани за само неколку дена и голем број нови случаи сугерираат повторно враќање на пандемија.
Најновите случаи на инфекција се откриени во градот Гуангџоу, главниот град на провинцијата Гуангдонг. Властите сметаат дека ова се должи на варијантата делта, мутацуијата која однесе многу животи во Индија, пренесува „Њујорк тајмс“.