744
Кина, на повик за помош од Италија, одлучи во оваа најзагрозена европска земја од пандемијата со коронавирус да испрати голема помош во вид на медицинска опрема и апарати.
Станува збор за два милиона маски и околу 10.000 респиратори, како и за 20.000 заштитни одела, заедно со 50.000 комплети за тестирање, пренесе Меѓународното кинеско радио.
Помошта е испратена врз основа на договорот потпишан по телефонскиот разговор на шефовите на дипломатиите на двете земји.
Италија, покрај Кина, е најтешко погодената земја во светот со вирусот Ковид-19.
До утринава вкупниот број на жртви од болеста во оваа земја изнесуваше 1.016, додека заразени се над 15.000 лица. МИА