Кина досега потрошила 12 милијарди долари во борба против корона вирусот

by fokus

Кинеските власти веќе потрошиле околу 12 милијарди американски долари за борба против коронавирусот, соопшти кинеското Министерство за надворешни работи.

– Околу 12 милијарди американски долари се потрошени за сузбивање на Ковид-19 во текот на првите месеци од епидемијата, изјави Ванг Шаолонг, директор на одделот за меѓународни односи во Министерството за надворешни работи на Кина.

Вкупниот број заразени со коронавирусот во Кина е 81.285, додека 3.287 се починати.

Поврзани новости