Американската амбасадорка во Тирана, Јуриј Ким упати силни пораки до сите оние кои се против реформите во правосудството во Албанија.Ким нагласи дека оние кои се обидуваат да ја вратат Албанија назад мора да престанат.
– Оние кои се против овој напредок, оние кои би сакале да нема резултати, тие би сакале да ја вратат Албанија назад во минатото, во време кога судиите беа купувани и изложени на закани. Ви велам застанете, времето за телефонски повици за испраќање емисари, подароци и закани, овој пат заврши, рече Јури Ким.
Од друга страна, амбасадорката, во обраќањето на свеченоста по повод 30-годишнината од формирањето на Уставниот суд, ги мотивираше судиите и обвинителите да продолжат да ја вршат својата должност.
Според неа судот претрпел фундаментални промени од неговото основање и оти е посветен на својата работа.
Додаде дека реформите што се случија во 2016 година биле “многу тешки, неопходни и благодарение на овие промени Уставниот суд е подготвен да си ја врши својата работа”.
-САД се горди што го поддржаа Судот во овие тешки времиња, од ветинг до триумфалниот избор на судии, и го поздравувам денот кога судот ќе го пополни секое празно место со квалификувани судии. Реформата во правосудството дава реални резултати, оди напред, рече таа.
Уставниот суд на Албанија, кој брои девет судии, главно, поради ветинг на судиите, повеќе од две години не функционираше. Со нецелосен состав почна со работа во средината на минатата година а сеуште непополнети се две судски места.