953
Писателот и аналитичар Ким Мемети во вечерашното гостување на ТВ 24 рече дека во Македонија има 10 фамилии кои владеат по принциот на мафијата.
-Проблемот е што Макоеднија не ја управуваат институциите, туку тие што се позади. Институциите само им служат за да ги покријат. Така вие ги имате тие 10 фамилии, кои фунцкионираат по принципот на мафија. Не се даваат. Има и челници на партии што не смеат да се повлечат и да сакаат. Тие околу нив не им даваат. Во Македонија нема политички партии, туку има политички секти. Функционираат по принципот на мафија: шефовите горе, и доле ситната боранија што им носи профит, вели Мемети.