Лидерот на Северна Кореја, Ким Јонг-Ун се појави на 1 Мај отворајќи фабрика, информираа државните медиуми на земјата, пренесе Си-ен-ен.
Според корејската новинска агенција КЦНА, Ким одржал говор на настан одбележувајќи го Денот на трудот, но отворил и фабрика за ѓубрива.
Од отворањето на фабриката е споделена и фотографија на која се гледа како Ким сече црвена лента, а зад него стои неговата сестра Ким Јо-Џонг. Си-ен-ен пишува дека не успеале да ја потврдат автентичноста на фотографијата, а не успеале да потврдат ниту кога е фотографирана.
Ким Јонг-Ун последен пат беше забележан во јавноста на 11 април. Тоа предизвика лавина на шпекулации дека тој има нарушено здравје или дека е мртов.
Американскиот претседател, Доналд Трамп, одби да коментира за најновата вест дека Ким е жив и дека добар.
-Не би коментирал ништо сè уште. Ќе имаме што да кажеме во соодветно време, рече Трамп одговарајќи на новинарски прашања.